| четврток, 6 декември 2018 |

Јанукович: Ова е државен удар, не се повлекувам

viktor janukovich

Претседателот на Украина Виктор Јанукович смета дека во државата е направен државен удар и одби да даде оставка додека истовремено опозицијата почна да ги освојува сите делови на власта а парламентот изгласа ослободување на опозиционерката Јулија Тимошенко.

Ова е државен удар и немам намера да дадам оставка“, рече Јанукович кој се наоѓа на истокот на земјата во Каркив. Тој додаде дека нема да ја напушти земјата ветувајќи дека се ќе стори да не дојде до крв на улиците.

Попладнево опозицијата во парламентот гласаше деституција на претседателот и најави избори за 25 мај.

Володимир Рибак, претседателот на украинскиот парламент и близок соработник на претседателот Виктор Јанукович, утрово поднесе оставка на оваа функција. Истовремено, во последните часови, повеќе пратеници на Партијата на регионите која е на власт, се одлучија за истиот чекор.

Александре Турчинов, десната рака на Јулија Тимошенко, беше избран денес за нов претседател на украинскиот парламент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top