Починатите во скопско село Брњанци ниту на денешна задушница не наоѓаат мир. Веќе неколку години во селото некој ги крши надгробните плочи и гробовите. Селаните велат тоа се случува кога има погреб или пред некој празник, јавува ТВ 24 вести.
Камерата на 24 Вести забележа дека и денеска неколку семејствата послужиле храна и запалиле свеќи на нови но искршени гробови.
Но тоа не е единствениот проблем на кој се жалат селаните. Велат неможат да ја пасат стоката, но стравуваат и за животите. Пред некој ден од група Албанци било било претепано момче од 20 години. Жителите сметаат дека во Брњанци не е безбедно да се живее. Стравуваат дека случувањата во селото имаат една цел – иселување на македонските граѓани како од Арачиново.
Во селото живеат околу 450 жители. Тие останаа во своите куќи и по 2001 година, но денес се пред ново искушение. Велат дека доколку државата не им помогне нема уште долго да останат во селото бидејќи многу нивни соселани веќе масовно ги продаваат своите имоти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.