Лидерите на регионите на југоисточна Украина, кои се лојални на претседателот Виктор Јанукович, денеска го оспорија легитимитетот на националниот Парламент и соопштија дека ја преземаат контролата над своите територии додека не се воспостави ставен поредок во земјата.
– Ние локалните власти на сите нивоа, Врховниот совет на Автономна Република Крим, регинот Севастопољ одлучивме да ја преземеме одговорноста за обезбедување на уставниот поредок и правата на граѓаните на своја територија, се наведува во резолуцијата усвоена на денешниот јавен состанок.
Повеќе од 10.000 луѓе се собраа во Палатата на спортовите во Храков, каде состанок одржуваат 3.477 пратеници.
– Се собравме овде не за да ја поделиме земјата, туку за да ја сочуваме – изјави регионланиот гувернер Михаил Добкин, обраќајќи им се на насобраниот народ.
Пратениците во Храков објавија голем број мерки, меѓу кои заштита на магацините со оружје за да се спречи евентуалниот упад на радикалните опозициски активисти. Граѓаните бараат да се формира локална милиција за да се заштити јавниот ред и мир, а локалните власти треба тие сили да ги финансираат и да ги поддржат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина