Верници муслимани жестоко реагираа поради однесувањето на поглаварот на Исламската верска заедница Реисот Сулејман Реџепи кој на својот Фејсбук профил објавил слики од својот внук, кој го носи неговото име со оружје во рака, пренесува Сител.
Тие прашуваат како успеал да добие дозвола за толкав арсенал на оружје. А доколку не поседува дозвола зошто за него не важат законите за забрана за носење и поседување на оружје.
Тие се шокирани од тоа како може еден верски лидер на овој начин да ги воспитува своите деца, така што од мали години ќе ги учи да ракуваат со оружје.
Малиот Сулејман Реџепи тренира со револвер во рака во Жеден на врвот на орелот. Алах да му даде здравје, бериќет, просперитет и иднина, напишал Реџепи под постираните слики.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.