Кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” и мерка притво во траење од 30 дена се поднесени против 42-годишниот скопјанец Д.М.
Тој во периодот од 2012 година до почетокот на годинава купил неодредена количина марихуана и хероин која ја препакувал и ја продавал на зависници од Скопје. Продажбата на дрогата, најчесто ја вршел од својот дом и со своето возило, разнесувајќи ја на претходно договорени места.
По добиени сознанија, преземени се активности од страна на полицијата при што фатени се три лица кај кои се пронајдени три хартиени паковки марихуана кои ги купиле од Д.М., а на 17 овој месец извршен е претрес во неговиот дом при што пронајдени се 147,27 грама марихуана и 0,58 грама хероин, како и други прашкасти и тревкасти материи.
Пријавениот ѝ е познат на полицијата и досега против него се поднесени четири кривични пријави за недозволена трговија со дрога од кои за три му се изречени три казни затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.