| четврток, 6 декември 2018 |

Александар Турчинов – нов претседател на украинскиот Парламент

Пратеникот од опозициската партија „Татковина“ (Баткившчина) и близок сојузник на поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко, Александар Турчинов е избран за претседател на украинскиот Парламент, Врховната рада.

Претходно денеска досегашниот претседателот на Врховата рада, Володимир Рибак, кој е близок соработник на претседателот Виктор Јанукович, поднесе оставка.

Рибак поднесе оставка, откако повеќе пратеници од владејачката Партија на регионите најавија дека ќе ја напуштат.

– Повеќето членови на Владата на Украина ги напуштиле своите позиции и заминале во непознат правец – изјави денеска на седница во Врховата рада Турчинов.

– Мнозинството министри ги напуштиле своите работни места и заминале во непознат правец. Единствен легитимен орган во моментов останува Врховната рада – додаде Турчинов

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top