| четврток, 6 декември 2018 |

Во Куманово отворена канцеларија на Платежната агенција

Во Куманово е отворена канцеларија на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и рурален развој, една од осумте низ државата.

Како што истакна директорот на Агенцијата Тони Димовски, целта на регионалните канцеларии е владините програми и услуги за унапредување на производството да се доближат до земјоделците.

– Земјоделците ќе имаат можност да добијат совети и информации за прашањата околу исплатата на поднесените барања за субвенции. За сите програми, поддршка во земјоделството, руралниот развој, рибарството, ИПАРД, ќе може да се обратат тука.

Канцеларијата воедно е и решение за контролите на терен кои секојдневно се спроведуваат во сите региони, вклучувајќи го и североисточниот регион, истакна Димовски по отворањето.

Канцеларијата е лоцирана во просториите на регионалното одделение на Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството. Термините за средби со земјоделците дополнително ќе бидат утврдени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top