| четврток, 6 декември 2018 |

Стогодишен Американец ќе се кандидира за Конгрес

Џо Њуман, стогодишниот Американец од Флорида, кој се претставува како „активист и пра-пра дедо“, стана ѕвезда на американската политика откако одлучи да се кандидира на изборите за американскиот Конгрес во ноември.

Овој возрасен маж, кој изгледа барем 20 години помлад, на блогот на својата кампања објави дека првпат ќе се кандидира за да се слушне гласот на сите граѓани, а не само на професионалните политичари.

– Имам 101 година и не планирам долга политичка кариера, што би значело продавање на идеали и вредности за евентуален повторен избор, наведе на блогот и додаде дека се надева дека ќе ги инспирира другите.

Њуман, кој се претставува како човек на напредокот, син е на руски доселеник и ќе биде еден од противниците на републиканскиот кандидат Верн Букенон. Борбата против сиромаштијата и заложба за здравјето за сиромашните се некои од неговите изборни цели, истакна Њуман на WWSB, локалната телевизиска станица.

На својот Твитер објави слоган во кој се поигрува со зборовите:

– Да се гласа за стар човек е да се гласа за нов (Newman). Најстариот конгресмен во овој момент е претставник на Тексас, Ралф Хал, кој има 90 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top