| четврток, 6 декември 2018 |

Русите ја одложија помошта за Украина

moskva1Руските власти ја одложија уплатата на новата транша финансиска помош за Украина поради наглото влошување на ситуацијата во земјата, и тоа ќе остане така сѐ додека истата не се стабилизира, изјави министерот за финансии на Русија, Антон Силуанов во интервју за „Блумберг“.

-Оваа одлука на Русија е резултат на неочекуваното и брзо заострување на ситуацијата во Украина- изјави Силуанов, коментирајќи го соопштението на ирската берза за прекинот на издавање на двегодишните обврзници во вредност од 2 милијарди долари. Русија требаше да ги откупи еврообврзниците во рамките на веќе одобрените 15 милијарди долари финансиска помош.

-Планиравме да се договориме и да ја уплатиме следната транша средства. Меѓутоа, со сегашната ситуација се појавија голем број прашања за тоа како овие средства ќе се користат и како ќе се враќа кредитот- изјави Силуанов, па додаде -Треба да се почека и да се види како ќе се разјасни и стабилизира ситуацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top