Зоран Кастратовиќ веќе не е селектор на машката ракометна репрезентација на Црна Гора. Неуспешниот настап на последното Европско првенство предизвикал незадоволство кај постарите членови на националниот тим, што според црногорските медиуми било и причина за отказното решение кое го добил поранешниот тренер на машкиот тим на Вардар.
Кастратовиќ постигна одлични резултати со Црна Гора обезбедувајќи и на селекцијата пласман и на СП во Шпанија и ЕП во Данска преку елиминација на Шведска и Германја, но тоа очигледно не е доволно за да ја задржи довербата кај раководството на националната федерација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.