Во протестниот камп во Киев вечерва владее гнев и покрај тешко постигнатиот договор меѓу опозицијата и претседателот на Украина, пренесуваат американските медиуми.
Демонстрантите ги исвиркаа опозициските лидери, кои вечерва се појавија на Плоштадот „Независност“, за да ги информираат за спогодбата.
Еден радикален говорник се закани со продолжување на офанзивата со оружје доколку опозицијата до утре вечер не побара оставка од претседателот Виктор Јанукович.
Други, пак, скандираа „Смрт за криминалецот“, на адреса на Јанукович.
Претседателот денеска се согласи да се откаже од дел од своите надлежности и да се вклучи опозицијата во Владата. Но, спогодбата не го задоволува главното барање на демонстрантите, Јанукович под итно да се откаже од власта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Дојави за бомби во Киев: Затворени пет метро-станици
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Хаос во Киев: Демонстрантите се судриле со полицијата, уапсени 100 луѓе, најмалку 10 повредени