Канадските хокеари ќе играат во финалето на олимпискиот турнир во Сочи. Тие ќе го бранат златниот медал од Ванкувер во дуелот против селекцијата на Шведска. Канаѓаните славеа со 1-0 против големиот ривал, репрезентацијата на Соединетите Американски Држави, со голот на Џејми Бен, постигнат во 22.минута од средбата.
Канада прва успеа да го отвори резултатот, а потоа и умееше да го контролира минималното водство. До самиот крај остана 1-0 за Канаѓаните, со што изборија билет за големото финале во кое ќе се сретнат со репрезентацијата на Шведска.
Во малото финале, во борба за бронзениот медал, ќе се сретнат селекциите на САД и на Финска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


