| четврток, 6 декември 2018 |

Јулија Тимошенко- слободна

timosenkoПарламентот во Украина  одобри измена во Кривичниот кодекс, што ќе го овозможи ослободувањето на експремиерот Јулија Тимошенко по повеќе од две години минати во затвор.

Со 310 гласа „за“ и 54 „против“ пратениците ги изгласаа измените што го декриминализираат поведението за кое беше осудена Тимошенко. За одобрувањето на законот беа неопходни 226 гласа во 450-члената Врховна рада.

Законот декриминализира и редица други поведенија, опишани во неколку члена од актуелниот Кривичен кодекс на Украина, а на овој начин националното законодавство се унифицира со барањата на меѓународното право.

Согласно една од овие одреби во октомври 2011 година Тимошенко беше осудена на седум години затвор под обвинение за пречекорување на овластувањата при склучувањето на договорот за испорака на руски гас.

Во согласност со законодавната измена Јулија Тимошенко може да се ослободи, но засега не е познато кога тоа ќе се случи. Таа и натаму се лекува во болницата во Харков под будно око на чувари.

Парламентот во Киев денеска усвои и одлука за доделување државна помош за учесниците во масовните протести, како и за роднините на загинатите и ранетите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top