Украинскиот Парламент денеска изгласа враќање на уставот од 2004 година, со кој се ограничуваат овластувањата на шефот на државата и на пратениците им се дава право да ги именуваат клучните министри.
За промена на уставот гласаа 386 пратеници во 450-члената Врховна рада.
Парламентот гласаше и за безусловна амнестија на сите уапсени за време на протестите и немирите во претходните денови во Киев.
Украинскиот претседател Виктор Јанукович и лидерите на опозицијата претходно, со посредство на ЕУ, потпишаа договор за прекин на тримесечната политичка криза во земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Третиот нацрт-амандман пред Комисијата за уставни прашања
-
Села ќе бара интервенции во Уставот: Во пасошите да стои Албанци/граѓани на Северна Македонија
-
Ванковска: Според Уставот, за одлука за стапување во сојуз или заедница треба 900 илјади гласа „за“


