| четврток, 6 декември 2018 |

Канческа-Милевска: Ивановски, ве охрабрувам да ја обжалите пресудата до сите инстанци

бети

„Потполно го разбирам незадоволството и непримерната реакција на пратеникот Игор Ивановски, во врска со вчерашната  одлука  на Основниот суд Скопје 2. Со оваа одлука се потврди дека сето тоа што беше изречено од негова страна на неколкуте прес-конференции, во врска со наводниот криминал направен низ проектот Скопје 2014 – биле само  лаги,  клевети и навреди“, се вели во соопштението на Елизабета Канческа-Милевска, министерка за култура.

Канческа-Милевска поднесе приватна тужба за Ивановски, кој неколку пати на прес-конфренции го оспоруваше проектот „Скопје 2014“ и изнесуваше тврдење за кои немаше аргументи. Судот пресуди во корист на Канческа-Милевска, а Ивановски треба да плати 300 илајди денари за нарушениот углед и честа.

– Секој од нас, а посебно носителите на јавните функции како вас, како мене, носиме одговорност за искажаниот збор, одговорност од која не можеме да бегаме. Наместо да си ја признаете грешката и да го коригирате своето однесување, Вие продолжувате да ширите гнев и нетрпеливост. Затоа ќе Ве охрабрам целата своја енергија да ја насочите кон обжалување на пресудата до Апелацискиот суд, до судот во Стразбур, до Меѓународниот суд за човекови права во Хаг и до сите  други судски инстанци кои Ви стојат на располагање. Сепак, на крајот, вистината повторно ќе излезе на виделина и ќе се соочите со фактот дека пред неа и боговите молчат – изјави Канческа-Милевска.

– Јас и понатаму ќе продолжам да откривам и да говорам за криминалот и незаконското работење на власта, со докази и факти, како и досега. Со оваа пресуда не може да ме исплашат и замолчат –  изјави денеска Ивановски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top