| четврток, 6 декември 2018 |

Бартомеу: Во Барселона се почитуваат законите

Претседателот на Барселона Хосеп Марија Бартомеу им изјави на шпанските медиуми дека во каталонскиот клуб се почитуваат законите и дека би ја повториле постапката за ангажман на Нејмар, иако се под истрага за затајување данок. Сега веќе поранечниот претседател Сандро Росел поднесе оставка, откако медимите објавија дека трансферот на Нејмар од бразилски Сантош во Барса чинел 86,2 милиони евра, а не како што беше престваено од управата на клубот, 57,1 милиони евра. Шпанскиот суд поднесе тужби за Росел, Бартомеу и потпретседателот Хавиер Фаус за затајување данок.

– Преговорите, трансакциите и договорите се направени според законите и затоа немаме што да криеме. Пак би ја повториле истата постапка – изјави Бартомеу.

Тужба има и за Барселона и тоа за проневера на 9,1 милиони евра, што се исплатени на различни компании за посредување при трансферот, а според тврдењето на обвинителите почиваат на лажно склучени договори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top