Штипската полиција откри дека насилникот, кој на почетокот од месецов истепал и ограбил старица во нејзиниот дом, е всушност нејзиниот внук.
СВР Штип по преземените мерки и дејства го расветли кривичното дело разбојништво сторено на 5.2.2014 година над Ѓ.Т.(75) со стан на ул.Гоце Делчев во Штип. Имено, од страна на непознати лица насилно е влезено во станот каде што оштетената живеела сама и со употреба на сила и закана одзеле 1.500 денари. Поради постоење на основи на сомнение дека се сторители на пријавеното кривично дело лишени од слобода се Д.Т.(20) внук на оштетената и Б.Р.(23) двајцата од Штип. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Семејната традиција продолжува: Романка стана баба на 23 години, а сега и нејзиниот 8 годишен внук се свршил!
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Бaба монструм: Ги возела внуците во кафез за кучиња, полицијата бесна од нејзиното објаснување (видео)
-
Баба од пеколот: Го ставила внукот како жив штит, за да не ѝ го урне инспекцијата ѕидот