| четврток, 6 декември 2018 |

Кeтрин и Вилијам очекуваат втор наследник?

Пред околу половина година Кејт Мидлтон и принцот Вилијам станаа родители првпат. Британскиот престолонаследник Џорџ се роди во јули 2013 година, а гласините дека Кејт повторно е бремена не стивнуваат на островот. Според британското издание „Стар магазин“, Кетрин очекува девојче, а до раѓањето ѝ остануваат седум месеца. За разлика од првата бременост на Кејт, овој пат родителите решиле да не кријат за радосната вест од светот и веќе споделиле детали за иднината со многу луѓе – пишува „Стар маазин“.
Џорџ ќе има сестричка, а Кејт е много возбудена, откриваат блиски до кралското семејство. Кетрин дознала за полот на бебето на Свети Валентин, а принцот Вилијам е многу среќен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top