| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе родени од умрени во четвртиот квартал лани

bebe-2
Во Македонија во последниот квaртал од минатата година природниот прираст на населението бил 1.073 лица.
Како што соопшти Државниот завод за статистика, бројот на живородени деца во четвртото тримесечје од 2013 година е 6.075 и во споредба со истиот период во 2012 година е зголемен за 3,5 проценти. Бројот на умрените лица изнесува 5.002 и бележи зголемување од 0,9 отсто. Од нив 72 се умрени доенчиња.
Според статистиката, за истиот споредбен период бројот на склучени бракови е 3.401, што е зголемување за 3,7 отсто, а разведени се 540 бракови што е, исто така, во пораст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top