Бугарската компанија „Филкаб“ е новата инвестиција од 3,5 милиони евра во производствен капацитет за електро материјали кој ќе отвори 100 работни места.
Одлуката за вложувањето ја објавија денеска министерот за странски инвестиции Џери Наумоф и менаџментот на компанијата, која веќе е присутна на македонскиот пазар 10 години.
Објектот на компанијата ќе се простира на 10 илјади метри квадратни во Визбегово, општина Бутел и ќе произведува трафостаници за пренос на електрична енергија. Производството е наменето за домашниот пазар.
– Инвестицијата во Македонија претставува знак за доверба во нашата економија и политиката на Владата – изјави Наумоф.
Тој додаде дека првиот контакт почна пред една година и оти со напорна работа во последните пет месеци и со поддршка од премиерот се изнајдоа соодветни решенија овој проект да стане реалност.
– Оваа инвестиција ќе биде голем економски поттик за областа на Скопје од причина што ќе обезбеди повеќе од 50 работни места во почетната фаза и можност за повеќе од 100 нови работни места, кога инвестицијата ќе работи со полн капацитет. Исто така овој проект ќе биде од корист и за локалните македонски компании кои ќе ги изведуваат градежните работи- изјави Наумоф.
Изрази надеж дека оваа успешна приказна ќе биде дополнителен поттик и за други бугарски компании кои сакаат да го прошират на регионалниот пазар и пошироко.
Најави дека во моментов работи со неколку други бугарски компании од земјоделскиот сектор и минерални суровини кои сакаат да инвестираат во земјава.
Компанијата„Филкаб“ со оваа инвестиција сака да ја зајакне својата позиција на регионалниот пазар и пошироко.
– Главниот мотивирачки фактор за компанијата била желбата присутна во државната политика за подобрување на бизнис климата и привлекување странски инвестиции. Ова го велат затоа што пред околу 10 години во почетокот на нашата работа во
Македонија се соочивме со голем број тешкотии при реализацијата на нашите планови – истакна Миле Шаоски, претставник на „Филкаб“.
Комапнијата досега инвестирала околу еден милион евра во имот, проекти и складишни објекти.
– Веруваме дека со решението да создадеме сопствен производствен и логистички капацитет во Македонија ќе успееме да ја зајакнеме својата позиција не само на локалниот пазар, туку овој капацитет ќе биде основен логистички центар од кој ќе се снабдуваат сите пазари од западно-балканскиот регион – рече Шаоски.
Никола Аврамов, претставник од бугарскиот „Филкаб“, смета дека има разлика во условите за работа од пред десет години и оти таа е очигледна.
Компанијата во Бугарија има 15-годишна историја. Почна со трговија, потоа производство на различни технички линии и производи. Работи во повеќе земји надвор од Буарија како Романија, Грција, Кипар, Германија, Албанија и Косово и намерата е да развијат слична
дејност и во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Авиокомпаниите задолжително ќе го осигуруваат багажот и пратките
-
Компанијата „Галф“ обвинета за финансиски криминал, кај нас на отворањето удостоена со министри од Владата
-
Турската „Чагатај Кабло“ во Бунарџик ќе произведува кабли за автобусите на „Ван Хол“
-
Отворен нов погон во зоната кај Алинци, инвестиција вредна 1,2 милиона евра