| четврток, 6 декември 2018 |

Пратениците се расправаа дали имало кворум или немало на Комисијата

Заменик координаторот на пратеничката група на ДПА, Зијадин Села, реагираше на почетокот на работата на Комисијата за деловничко мандатно имунитетни прашања, на чиј дневен ред беше амандманска расправа за промена на Деловникот за работата на Собранието

12022013135211_delovnik sobranie
– Јас не гледам дека во салава има кворум. Кворумот ви го прават само пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Каков кворум е овој кворум? Каде ви се пратениците на ДУИ? Тие го креваат прстот на пленарна седница, а кога треба да се дискутира ги нема. Според кворумот вие можете да донесете деловник на ВМРО-ДПМНЕ, но не може да донесете деловник на Собранието на Република Македонија,  рече Села од ДПА.

На Комисијата, освен пратениците, членови и заменици членови од ВМРО-ДПМНЕ, беше и  Изет Зеќири од НДП. Села од тие причини побара од претседателот на комисијата Александар Николовски да ја прекине седницата.

Зеќири побара да се поништат одлуките на денес одржаната Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања зашто беа донесени без кворум. Зеќири реагираше сметајќи дека правно е нелогично кога се тука и членот и неговиот заменик од една партија  и двајцата да гласаат.

– Немаме кворум, четири од осумте члена на Комисијата се тука, а двајца од присутните кои го прават кворумот се заменици на присутните членови, реагираше Зеќири, по што претседателот на Комисијата, Александар Николоски, даде петнаесетминутна пауза.

Откако седницата продолжи, Николоски кратко оцени дека деловничките услови за работа биле исполнети, зашто „замениците не се поврзани со членовите на Комисијата, и затоа во секоја ситуација може да присуствуваат на седница (за создавање на кворум) онолку заменици колку што недостасуваат членови“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top