Украински демонстранти отворија оган врз полицајци во Киев, кои се наоѓаат на просторот меѓу плоштадот „Независност“ и Парламентот. Според полицијата, „Учесниците во масовните немири пукаа врз припадници на полицијата и се обидоа да се пробијат до зградата на Парламентот“. Не е прецизирано дали полицијата возвратила на нападот. Официјалниот биланс на загинатите во Киев од вторникот до денеска е 80 луѓе. Состојбата на киевскиот плоштад, „седиштето“ на демонстрантите, може да ја следите во живо на Република ТВ.
Во меѓувреме опозицискиот лидер Арсениј Јацењук нагласи дека вооружени полицајци влегле во зградата на Парламентот. Била запалена и канцеларијата на владејачката Партија на регионите во Днепропетровск.
Седницата на украинскиот Парламент беше прекината еден час по предлог на Јацењук, за да се согласат за нацрт-законот за враќање на Уставот од 2004 година. Со таа реформа ќе бидат ограничени надлежностите на претседателот на сметка на Парламентот.
Претходно претседателот на парламентот Володимир Рибак објави прекин на работата до 16 часаот по локално време, но опозициски пратеници го попречија да се симне од говорницата.
Во меѓувреме полското Министерство за надворешни работи соопшти дека преговорите во Украина за излез од кризата на кои учествуваат полскиот и германскиот министер за надворешни работи ќе продолжат напладне. Според претходните информации на средбата до рано изутринава договорени се предвремени претседателски избори, коалициска влада и уставни реформи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Дојави за бомби во Киев: Затворени пет метро-станици
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Хаос во Киев: Демонстрантите се судриле со полицијата, уапсени 100 луѓе, најмалку 10 повредени