| четврток, 6 декември 2018 |

Кристина не сака да го изговори името на Емина

Членовите на жирито на музичкиот натпревар „Икс-фактор“ Кристина Ковач и Емина Јаховиќ, наводно, се во војна. Двете менторки го почнаа расправиите преку социјалните мрежи и медиумите уште кога нивните штитеници Харис Чато и групата „4U“, добија најмалу гласови од публиката во петтата емисија во живо.

Дуелот го загуби групата на Кристина, но обожавателите на Емина и на Харис, лути на композиторката за нејзините остри коментари без влакна на јазикот, почнаа да ѝ праќаат навредливи и заканувачки пораки.

Во вторничната епизода на „Икс-фактор“ нетрпеливоста продолжи, а не можеше а да не се забележи тоа што Кристина не сакаше ни да го изговори името на Емина, ниту, пак, ѝ се обраќаше директно на неа, туку во текот на вечерта ја нарекуваше само „ментор“.

– Кристина има право да не ми го споменува името и да ме викаат ментор, секој зборува како што умее – возврати Емина во српски „Ало“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top