Скопјанец влегол во станот на соседот и го избодел со нож пред неговата сопруга и мајка. Полицијата информира дека инцидентот се случил вчера во населбата Чаир околу 13.40 часот кога И.М. бесно влегол во станот на неговиот сосед Ш.У. и физички го нападнал пред неговата сопруга и мајка. Во еден момент насилникот зел нож и го зарил во раката на Ш.У. Повредениот веднаш бил пренесен во болницата „Св. Наум Охридски“, каде што е задржан на натамошно лекување. Напаѓачот бил приведен и по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Љубоморен скопјанец со нож ја ранил партнерката
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Драма во ноќен клуб: Пијан охриѓанец извадил нож, повредено едно лице
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)


