| четврток, 6 декември 2018 |

Штрајк на аеродромот во Франкфурт

frank 2

Вработените од обезбедувањето на најпрометниот германски аеродром во Франкфурт на Мајна денеска стапија во предупредувачки штрајк со барање за поголеми плати и подобри услови за работа, што доведе до долги редици патници, метеж и откажани летови.

– Досега се откажани 41 лет – изјави портпарол на аеродромот, а пренесува германскиот магазин „Шпигел“.

Германските медиуми известуваат дека контролните шалтери имаат значително помалку персонал од вообичаено.

Синдиктот „Верди“ изутринава од два часот ги повика сите приватни безбедносни компании на аеродромот да го прекинат работењето до вечер во 23 часот по локално време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top