Четворица Бугари се уапсени на 19 февруари во Атина под обвинение дека припаѓаат на мрежа за трговија со деца, соопшти грчкиот интернет сајт „Грикпрепортер“.
Уапсените се две жени на возраст од 40 и од 54 години и двајца мажи на возраст од 38 и од 39 години. Една 31-годишна жена, исто така, се бара од грчката полиција под сомневање дека била нивни соучесник. Двајцата приведени мажи имале задача да им се закануваат на родителите да не се пожалат или да преземаат какви било законски дејства против членовите на групата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.