| четврток, 6 декември 2018 |

Џејмс го доби дуелот со Дурент, Мајами ја декласира Оклахома

Леброн Џејмс постигна 33 поени, за 5 повеќе од Кевин Дурент, и го предводеше Мајами хит до убедлива победа над Оклахома. Дуелот на овие двајца кошаркари секогаш привлекува особено внимание бидејќи се работи за две големи ѕвезди во НБА-лигата. Овојпат Џејмс беше поуспешен за нов триумф на Мајами. Добра вест за Тандерс, и покрај поразот, е враќањето на Расел Вестбрук. Тој паузираше долго, а се врати на паркетот со 16 постигнати поени.

Кај домаќините, Џејмс имаше одлична поддршка од Двејн Вејд и од Крис Бош, кошаркари што постигнаа по 24 поени.

Најефикасен ноќеска беше Џејмс Харден од Хјустон рокитс со 39 поени, а неговиот тим го победи Голден стејт со 102-99 по едно продолжение. Во последниот дуел во програмата од 3 меча, Денвер го победи Милвоки со 101-90.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top