Кога говориме за трендовите што се однесува до боите на косата, оваа пролет во прв план е едноставноста. Веќе не се атрактивни прамени и прелевање на боите од потемна во посветла нијанса. Сега се актуелни чисти, монохроматски бои на кои не им треба ништо плус за да привлекуваат внимание. Што се однесува до боите, некои од нив остануваат од минатата сезона, а некои дури сега добиваат значење.
Платинеста
Ако се суди по модните писти, тогаш оваа боја е хит за пролет и за лето 2014 година. Оваа боја ќе се носи монохроматски, значи чиста платинеста боја, без никакви додатоци, преливи. Станува збор за прилично храбра боја, или небоја, која треба да се знае како да се носи. Ако оваа пролет планирате да ја осветлите бојата на косата, тогаш слободно може да се обидете со платинеста нијанса, сигурно ќе бидете во тренд.
Монохроматска кафена
Без разлика дали станува збор за топла чоколадна кафена боја или студена, темна нијанса, на еднобојната кафена боја на коса не ѝ требаат прамени во боја за да добие повисок сјај. Без двоумење, оваа сезона нема да се носат бои за коса што се прелеваат една во друга или некоја опција меѓу. Се бара храбра, јасна, кафена боја, која ќе го привлече вниманието.
Розовозлатна
Минатата година беше популарна боја на коса како јагода, а за оваа сезона стилистите препорачуваат розовозлатна боја на коса, што е варијација на тема и отстапува од монохроматските бои. Комбинацијата од розови и од бронзени нијанси е клучна за да се постигне оваа младешка боја за коса.
Костенлива боја за коса
Ако минатата сезона се решивте за костенливо-црвена боја, тогаш имате среќа бидејќи таа боја ќе биде популарна и оваа пролет.
Златножолта
Минатата сезона беше популарна потемна нијанса на жолта боја, како мед. Оваа сезона, жолтата боја станува сѐ посветла, а што има поубаво од тоа златната боја на коса да ви засјае на пролетното сонце?
Интензивно црна
За храбрите дами има добра веста – интензивната црна боја повторно е во мода. Многу познати дами ја потемнија косата. Кога ќе ја одбирате црната боја за коса, ја препорачуваме таа со сини поттонови.
Бакарна боја
Оваа пролет носи многу трендови што се однесува до боите. Некои се нови, некои се стари, бакарната боја спаѓа во тие што продолжуваат да го освојуваат светот на модата.
Трендови на заминување: пастелна розова и сива
Пастелните бои беа многу популарни минатите две сезони. Повторно ќе се носат прамени и прелевање на една во друга боја, но нема да бидат толку забележителни.
Сивата боја, исто така, е на заминување. Но, ако вам ви се допаѓа, не е проблем, сѐ е дозволено. Постојат многу варијации со кои може да комбинирате – комбинација на платинестосина и сива, пастелна виолетова, дури и златна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.