Општина Охрид очекува од Дебарско-кичевската епархија да постапи во врска со решенијата за урвање на објектите што се новозиградени во комплексот „Свети Наум“.
– Општина Охрид е свесна за значењето што го има манастирскиот комплекс како духовна, историска и туристичка вредност и затоа во своите постапувања се труди да ги зачува законските норми и коректните реалации со Дебарско-кичевската епархија, а сите проблеми да бидат надминати во рамките на институциите на системот. Во согласност со ваквиот став, ние сме убедени дека во најскоро време ќе бидат надминати одредени пропусти во постапката и активностите околу урбаното уредување на просторот во делот од манастирскито комлекс ќе продолжат без натамошни непријатности. Светоста на манастирскиот комлекс нè обврзува сите нас да бидеме внимателни во постапките и во јавно изнесените ставови, без непотребно подгревање на атмосферата -велат од општината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.