Тридневните крвопролевања во Украина досега однесоа 77 животи. Најголем број од жртвите се демонстранти и полицајци, а меѓу настраданите има и новинари. Во истиот период, според официјалните информации од украинското Министерство за здравство, медицински третман добиле речиси 600 луѓе, а 369 биле хоспитализирани. Само вчера биле примени 82 луѓе со тешки повреди. Тоа се официјалните бројки.
Неофицијално, опозициските лидери тврдат дека од почетокот на нередите во Киев се убиени најмалку 100 луѓе. Која и да е точната бројка, глетката е ужасна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина


