| четврток, 6 декември 2018 |

Парламентот на Украина донесе одлука за повлекување на војската во касарните

ukraina

Украинскиот парламент ноќеска донел одлука за прекин на антитерористичките акции и за повлекување на војската во касарните.

Неизвесно е дали и кога одлуката на Парламентот ќе стапи во сила затоа што последниот збор го има претседателот Виктор Јанукович. Тој ноќеска водел преговори со министрите за надворешни работи на Франција, Германија и на Полска. Подоцна им се приклучил и рускиот амбасадор Владимир Лукин. Потоа имал средба и со тројцата опозициски лидери Кличко, Јацењук и Тјагнилок.

 

Додека парламентот ја поздрави одлуката за прекин на антитерористичките акции, во центарот на Киев продолжуваат судирите.

Приврзаниците на опозицијата се утврдуваат зад барикадите и се подготвуваат за нови насилства во кои досега загинаа 76 луѓе, а повеќе стотици беа повредени. Според неофицијални информации, демонстрантите во последните три дена заробиле 67 припадници на силите за безбедност.

Како што пренесува „Би-Би-Си“,  заробените полицајци најпрво биле преоблечени во цивилна облека, а потоа биле преместени од плоштадот „Маидан“ во блиска катедрала. Според некои информации, дел од нив веќе биле пуштени.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top