| четврток, 6 декември 2018 |

Расте бројот на загинатите во Киев, ЕУ воведува санкции во Украина

украина

Расте бројот на загинати во Киев, Украина, а Европската унија (ЕУ) објави дека воведува санкции во таа земја поради насилството кое се применува врз демонстрантите. Министрите за надворешни работи на ЕУ се договориле да бидат воведени санкции поради прекумерната употреба на сила, соопштено е вечерва.

Шведскиот министер за надворешни работи Карл Билд на твитер објави дека имотот на Укаина е замрзнат по итна постапка.

Кетрин Ештон изјави дека најголема одговорност има претседателот Виктор Јанукович кој треба да воспостави преговри меѓу двете страни.

Министрите на ЕУ на итен состанок во Брисел се договориле да го стопираат издавањето визи на одговорните за насилство. Откако синоќа беше договорено примирје со лидерите на опозицијата, денеска имаше ново крвопролевање.

Во ескалацијата на судирите загинаа 67 лица, а повеќе стотина се ранети. Антивладините сили ја презедоа контролата над полициската станица на југозападен Киев.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top