Претседателот на Фудбалската федереација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски денеска во Гостивар присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на второто од десетте игралишта со вештачка трева, проект кој ФФМ го реализира со поддршка од Хет- трик програмата на УЕФА, а во соработка со институциите на локалната и централната власт во Република Македонија.
Овој проект е дел од активностите за подобрување на фудбалската инфраструктура како значаен фактор за создавање на подобри услови за развој на фудбалот кај нас.
Свое обраќање на настаност имаше градоначалникот на општина Гостивар, Невзат Бејта, кој како домаќин истакна дека е вистинско задоволство да се видат резултатите од заедничката инвестиција на општината и ФФМ, преку поддршката на УЕФА, а кои се направени во правец на поактивно вклучување во спортски активности на сите жители на општината, особено младата популација.
„Фудбалот е спорт кој ги обединува луѓето, независно од верата, нацијата, полот или политичките убедувања. Тоа е факт кој нѐ обврзува да делуваме и работиме одговорно и доследно да ја почитуваме неговата племенита улога и функција. Нашата цел е инвестирањето во развојот на младите фудбалери, како и подобрувањето на инфраструктурата. Тоа и натаму ќе биде приоритет на ФФМ“ – истакна во своето обраќање Илчо Ѓорѓиоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.