Фирмата „Спајк аероспејс“ одлучи да им понуди на сите свои патници седишта до прозорец. Новиот суперсоничен приватен авион има голем екран преку целиот ѕид на кабината на кој патниците може да имаат панорамски поглед, па дури да гледаат и филмови.
Ова задоволство со луксузни и удобни седишта чини 80 милиони долари. Компанијата тврди дека С-52 суперсоничен деловен авион кој го скратува времето на патување за пола, така што милјардерите би можеле да патуваат од Њујорк до Лондон за само три часа.
Инженерите кои досега работеле на гигантите како Ербас, вложиле две години за да дизајнираат луксузен авион кој ќе биде побрз. Така со ова „чудо од авион“ од Лос Анџелес до Токио ќе се патува само пет часа.
Новиот суперсоничен авион ќе има и кабини без прозорци за оние патници кои не сакаат сонце. Внатрешноста ќе биде прекриена со екрран на кој ќе може да се гледаат панорамски слики кои ги снима камерата во живо од авионот, но и филмови. Инженерите одлучиле да ги отстранат прозорците поради тежината и компликациите што ги предизвикуваат во текот на летот.
Во авионот може да летаат меѓу 12 и 18 патници, а првиот лет ќе се случи во декември 2018 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.