| четврток, 6 декември 2018 |

„Ендава“: Македонија е позната како најбрзорастечки пазар во ИКТ секторот

SLIKA

„Ендава“, една од најбрзорастечките компании за ИТ услуги во Европа со 1.500 вработени лица со целосно работно време, формира центар за развој во Скопје, главниот град на Македонија, каде што планира да вработи 100 луѓе во наредните 12 месеци и преку 400 луѓе во следните четири години. „Ендава“, со седиште во Лондон и со дополнителни канцеларии во Франкфурт, Њујорк, Атланта, Глазгов и во Оксфорд, има докажан и успешен модел на испорака со комбинирање инженерска извонредност од нејзините локации во источна Европа со индустриска експертиза во своите целни пазари – стои на сајтот на компанијата што ќе инвестира во Македонија.

„Ендава“ беше ставена на списокот меѓу првите 100 аутсорсинг компании во светот и има растечка стратегија, која е фокусирана на проширување на своето присуство во Источна Европа, преку постојан пораст на своите постојни центри за развој и за поддршка и преку отворање нови канцеларии. „Ендава“ е еден од најактивните работодавци во ИТ секторот во Романија и во Молдавија, каде што компанијата има центри за испорака во главните ИТ центри во регионот:   Букурешт, Кишињев, Клуж и Иаси, а компанијата неодамна беше именувана за број 1 работодавец во ИТ секторот во Романија.

Вработените во „Ендава“ испорачуваат ИТ решенија за големи мултинационални компании во секторите: банкарство, исплати, осигурување, малопродажба, патувања, телекомуникациски компании, медиуми и издаваштво.  Компанијата прави значајни инвестиции во професионалниот развој на своите вработени, од врвни обуки преку програмата на универзитетот „Ендава“, до практикантска работа и програми за постдипломски студии во сите свои канцеларии во источна Европа.

Преку локацијата на нејзините центри за испорака во источна Европа, „Ендава“ е добро позиционирана да ги поддржи глобалните клиенти во спроведувањето на комплексни ИТ проекти, при што има придобивки од висок квалитет на работна сила, временска зона, јазични вештини, блиски културни усогласувања и добри авионски врски.

„Ендава“ планира годишен пораст од 25 проценти во бројот на вработени во постојните локации во Романија и во Молдавија, каде што веќе има преку 1.300 вработени.  Во Македонија, во следните 12 месеци компанијата ќе вработи 100 луѓе за својот нов центар за испорака и планира да ги зголемат тимовите во следните четири години на преку 400 лица, што ќе претставува околу 10 проценти од вкупниот бројот вработени на ниво на група.

Македонија, пишува на официјалниот сајт, е позната како најбрзорастечки пазар во ИКТ секторот во јадранскиот регион. Со 41 процент од населението на возраст под 30 години и со зголемување на бројот на образовани млади луѓе, во Македонија процентот на дипломирани студенти по ИКТ речиси двојно се зголеми во текот на последните четири години.  Скопје веќе има силна ИТ заедницата со 8.000 члена.  Локалните универзитети основаат силни факултети за компјутерски науки, со нови 800 дипломирани студенти секоја година, помагајќи да се следи и поддржува брзорастечкиот ИТ сектор. Со директни летови од Лондон и со добри врски преку Виена и Загреб, како и со централноевропската временска зона, Скопје има идеална местоположба за испорака до клиентите од пазарите на Западна Европа и на Северна Америка.

Џон Котерел, извршниот директор на „Ендава“ забележи: „Нашиот успешен бизнис води кон натамошно проширување во Источна Европа. Скопје има голем потенцијал за ИТ секторот како резултат на силните универзитети и високообразованата работна сила со одлични јазични вештини. Ние, исто така, сме охрабрени од поволната бизнис-клима во Македонија и отворениот пристап на локалните власти и институции.  Сакаме да изградиме силен тим во Скопје и, исто така, сакаме да создадеме вредност на пазарите каде што сме присутни со тоа што ќе понудиме возбудлива кариера за искусни ИТ професионалци, преку водење на програми наменети за дипломирани студенти по ИТ, и на тој начин зголемување на нивото на знаење на пазарот“.

Висар Фида извршен директор на „Инвест Македонија“, рече: „Инвест Македонија е главната владина институција која е задолжена за привлекување нови странски инвестиции во Македонија.  Нашата институција нуди целосна помош на странски инвеститори преку нашата глобална мрежа на канцеларии со создавање и додавање вредност на компании преку нашето широко познавање и искуство во бизнис средината и можностите за инвестирање во Македонија. Со овој инвестициски проект очекуваме нашата земја да има корист во многу аспекти.  Endava ќе донесе квалитет и иновативни практики во нашиот ИТ сектор, а во исто време нашите дипломирани студенти по информатичка технологија ќе имаат можност да работат за една од најдобрите британски компании во оваа индустрија. Поради овие причини со големо задоволство го објавувам овој инвестициски проект и ѝ посакувам добредојде на Ендава во Македонија“.

За „Ендава“

„Ендава“ е приватна компанија за ИТ услуги основана во 2000 година.  Со преку 1.500 редовно вработени лица, во моментов има 11 локации во Велика Британија, САД, Германија, Романија, Молдавија и Македонија, како и годишен приход од повеќе од 40 милиони фунти/ 50 милиони евра.

„Ендава“ испорачува, гради и реализира клучни ИТ решенија и платформи за некои од водечките светски компании во секторите: банкарство, исплати, осигурување, малопродажба, патувања, телекомуникациски компании, медиуми и издаваштво.

„Ендава“ се специјализира во испорачување услуги како што се:  развој на апликации, дигитални медиуми, независно тестирање, ИТ консултантски услуги, услуги за управување со апликации и „клауд“ услуги.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top