| четврток, 6 декември 2018 |

Акција на Црвен крст во Велес

crven-krst

Општинската организација на Црвен крст од Велес под мотото „Пронајди го патот кон здравото срце“ од утре, 21 февруари па до крајот на месецот ќе ја спроведе акцијата „Неделата за борба против срцеви заболува“, информира на денешната прес-конференција нејзиниот претседател д-р Милчо Трајков.

Активностите ќе бидат насочени кон превенција на здравјето и кардиоваскуларните заболувања кои на некој начин се чума на 21 – от век.

– Акцијата има за цел превенција и намалување на штетноста од начинот на живеење. Во „Неделата за борба против срцевите заболувања која е прогласена од страна на Светската здравствена организација во Велес и Велешко ќе бидат организирани серија едукативни предавања.Ќе биде посетен гарнизонот на АРМ, организацијата на пензионери, како и уште две работни организации, рече Трајков.

Ќе се изврши посета и на селото Бузалково каде што ќе се одржи предавање за заштита од кардиоваскуларните заболувања.

Предвидено е да се организира голем хепенинг во центарот на градот од страна на клубот на младите на ОО на Црвен Крст каде ќе се делат совети и флаери.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top