Даниел Кајмакоски е добар, не седи и не плачи во својатра соба. Тој е на аеродромот „Александар Велики“ и наскоро со останатиот дел од тимот на „Икс-фактор“ ќе полета за Белград. Тој денеска не се појави на прес-конференција, а објаснувањето беше дека организаторот, „План Б“, воопшто не побарал Даниел да биде дел од прес-конференцијата на која беше најавен концертот на „Пилоти“, на кој ќе гостува Даниел.
Фановите на Кајмакоски го најдоа и таму. Се наредија за фотографирање со својот омилен пејач. Продукцијата на „Еден на еден“ беше на скопскиот аеродром за да го испрати Даниел. Даниел, Тамара Милановиќ и Кики Лесендриќ се гости на Жаре во наредната емисија „Еден на еден“, која ќе се емитува в недела на ТВ „Алфа“.
– Немаме воопшто време да уживаме во вакви секојдневни работи. Толку сме зафатени што единствениот слободен ден оваа недела ни е токму овој. Но, огромно задоволство ни е што сме тука и ќе се потрудиме да снимиме одлична емисија – кажа Тамара.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.