Англиска компанија од секторот на информатичка технологија инвестира во Македонија. Станува збор за големо име кое е присутно во најразвиените земји, по што донесе одлука да инвестира и во Македонија.
Компанијата „Ендава“ ќе инвестираат во Скопје, каде што веќе почнаа со регрутирање, а потоа планираат да се прошират и во другите градови, пред сѐ во градовите каде што има факултети за ИТ.
– Компанијата се занимава со софистициран софтвер и за следниве три до четири години планира да вработи до 450 нови, млади инженери. Во брзо време компанијата ќе почне да работи бидејќи веќе почна со еден мал круг инженери – истакна директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Висар Фида.
Од компанијата истакнуваат дека досега имаат вработено 1.500 лица и дека компанијата бележи раст, а вработува од 40 до 50 лица месечно.
– Нашата компанија обезбедува услуги на повеќе држави, а одлучивме работата да ја продолжиме кај вас во Македонија. Разгледувавме поголем број градови во Европа, барајќи брз раст на ИТ секторот и забрзан економски раст. Тоа го најдовме овде. Ја посетивме Македонија, се сретнавме со вицепремиерот Ставрески, а потоа и со Висар Фида, како и со други луѓе од „Invest in Macedonia“. Импресиониран сум од односот и од комуникацијата со Владата, другите институции и компаниите, кои сите работат заедно – истакна Џон Котерел, извршен директор на компанијата.
Котерел вели дека тие не бараат само бројки на вработени, туку бараат квалитет и луѓе што ќе им помогнат ним и на целиот пазар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


