
И во недела пензионерите во Скопје ќе се возат бесплатно во ЈСП, изгласаа советниците на Град Скопје со 24 гласа „за“.
– Во 2009 година кога бев назначен за директор никому не му следиваше бесплатно возење. Денес средношколците се возат бесплатно, а пензионерите три дена во неделата. Се надевам дека и четири дена ќе се возат бесплатно. Во 2009 година имаше разни цени на билетите во ЈСП. За да се пропатува во Блаце картата беше 65 денари, за разлика од денес кога има неколкукратно намалување. Во 2009 година просечната старост на автобусите беше 25 години, денес имаме нови автобуси. Нема да има финансиски импликации зашто автобусите во недела и онака се празни – изјави Мишо Николов, директор на ЈСП „Скопје“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


