Кевин Лав и Кармело Ентони одиграа симултанки со противниците од Њу Орлеанс, односно Индијана и со по 42 поени беа најзаслужни за победите на Њујорк никс и на Минесота тимбервулфс.
Лав дури успеа да забележи и 42 поена и 16 скока, против една од најдобрите одбранбени екипи во НБА, составот на Индијана. Минесота славеше со 104-91, а интересно е што гостите од Индијана ниту еднаш немаа предност на мечот.
Многу потешко, Њујорк се избори за триумф против Њу Орлеанс, но кога беше најпотребно во финишот, на висина на задачата беше Ентони. Тој постигна 42 поени, од вкупно 98 на Никс, за триумф од 98-91.
Останати резултати: Шарлот – Детроит 116-98, Кливленд – Орландо 101-93, Торонто – Чикаго 92-94, Атланта – Вашингтон 97-114, Феникс – Бостон 100-94, Јута – Бруклин 99-105, Портланд – Сан Антонио 109-111, Сакраменто – Голден стејт 92-101, Лос Анџелес лејкерс – Хјустон 108-134.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.