Министрите за надворешни работи на Франција, Германија и Полска денеска ќе пристигнат во Киев на итна средба со украинскиот претседател, на која ќе се дискутира за прекин на крвопролевањата во земјата.
Претходно опозицијата и претседателот Јанукович постигнаа договор за примирје кое треба да се искористи за надминување на ситуацијата. Јанукович изјави дека „преговорите“ ќе почнат за да се стави крај на крвопролевањето.
Во меѓувреме продолжија протестите на плоштадот во Киев. Околу главниот камп на опозицијата сѐ уште има пожари. Демонстрантите фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства, а полицијата одговори со водени топови.
Денешниот ден е прогласен за Ден на жалост поради 26-те жртви од завчерашните судири меѓу демонстрантите и полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина