| четврток, 6 декември 2018 |

Венизелос за малку ќе ја одложел посетата на Македонија?

Поради состојбата во Украина и иницијативата на САД И ЕУ да се воведат економски санкции за владата на Виктор Јушченко грчкиот випцепремиер за малку ќе ја прекинел балканската тура.

Сепак откако состанокот на европските министери за надворшени работи е закажан за утре а проценките на Брисел биле дека недоаѓањето во Македонија може да биде оценето како бојкот на Атина и претседавачот со ЕУ кон официјално Скопје, Венизелос сепак ја продолжил Балканската тура.

Европската унија и предходно разговараше за санкиции кон Украина но во блокот постојат различни мислења дали тие да се насочени кон владата на Јушченко или само кон тие фактори кои што предизвикуваат насилство на улиците на Киев и другите Украински градови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top