Апаратите на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, со својата телеметриска мрежа на сеизмолошки станици во Охрид, Битола, Крушево, Штип и Валандово, денес, на 12.02.2013 год., во 12 часот и 06 минути, регистрираа земјотрес со епицентар 130 км југозападно од Скопје, кој потекнува од охридскиот регион.
Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитети од 3 до 4 степени според Европската макросеизмичка скала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



