Шефот на грчката дипломатија, Евангелос Венизелос пристигна во Скопје. Тој вечерва со автомобил и под силно полициско обезбедување, дојде од Приштина. Тој остана на своето дека нема да слета на аеродромот „Александар Велики“ и нема да патува по автопатот „Александар Македонски“, а се смести во скопскиот хотел „Александар Палас“.
Неговите средби со македонскиот политички врв се закажани за утре. Првата средба ќе биде со неговиот македонски колега Никола Попоски. Средби се закажани и со министерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, шефот на државата Ѓорѓи Иванов, лидерот на ДУИ Али Ахмети, претседателот на СДСМ, Зоран Заев. На крај ќе се сретне со премиерот Никола Груевски.
Aктивистите од организацијата „Македонски манифест“, главно интелектуалци од сферата на културата и уметноста, пред посетата на Венизелос, на прес-конференција побараа од македонските политичари „да покажат цврст став за националните прашања и да го третираат грчкиот шеф на дипломатијата и претседавач со Советот на министри на ЕУ, Евангелос Венизелос, исто како што тој ја третира Македонија“.
Фото: Ѓорги Личовски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција