| четврток, 6 декември 2018 |

Обвинетите во Монструм слушале антимакедонски рап

monstrum

Музичка група од Прешево рапува против македонскиот народ.Песните преку кои се шири верска и национална омраза се доказ на обвинителството во случајот Монструм.

Ги слушале обвинетите на мобилните и запленетите компјутери. Песните на извесен Аријан Агуши на страницата јутуб имаа преку милион гледања.

Хитот на обвинетите во Монструм е песна посветена на двојното убиство во Гостивар ,,За цена на животот не ти ја простуваме крвта Гостиварска. Нека стане Кичево, Скопје, Куманово, Дебар, Струга и Тетово. Ова е веке крај повеке албанецот не трпи. Затоа што вашиот грев не го мие ни Вардар,,-се пее на алабански јазик.

Популарниот рап од Прешево дели куршуми и пцовки кон Македонците кои како што се пее ќе ги направи прав и пепел. МВР може да санкционира лица кои шират национална омраза само на територија на Македонија, надвор од земјава може да реагира амбасадата преку протесна нота-објаснуваат од полицијата. Песната е доказ на обвинителството, а судот допрва ќе одлучува дали ќе го прифати како аргумент за кривичното дело тероризам. Како доказ обвинителството поседува и околу 70 видеа на арапски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top