| четврток, 6 декември 2018 |

Милошоски: Посетата на Венизелос не е небитна, но ќе биде како рамка без слика

Antonio-Milososki-740x320-top

Посетата на грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос не е небитна, но таа ќе биде како рамка без слика бидејќи грчкиот парадокс и хипокризија кон евроинтеграциите се состои во тоа што за ЕУ и преспективите за интегрирање во Република Македонија ќе говори претставникот на земјата која ги блокира тие европски преспективи, изјави денеска пратеникот и поранешен шеф на македонската дипломатија Антонио Милошоски.

– Сметам дека господинот Венизелос многу добро ја знае состојбата во регионот и исто така е искусен политичар којшто во услови на голем пад на неговата партија не би направил нешто што можеби дел од македонската јавност или ДУИ го очекува во овој момент. Секој што очекува премногу од посетата на Венизелос ќе биде разочаран следниот ден после неговото заминување – изјави Милошоски одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали ДУИ, чиј лидер ќе се сретне со Венизелос, и работи зад грб на ВМРО-ДПМНЕ.

Во врска со номинацијата за кандидат за шеф на државата на престојните избори, уште еднаш го повтори ставот на неговата партија дека одлуката за кандидатот за претседател на државата во ВМРО-ДПМНЕ ќе ја донесат делегатите на конвенција закажана за 1 март. Во овој момент, според Милошоски, ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за претседателски избори и во таа смисла и е закажана конвенцијата на 1-ви Март, но партијата е подготвена во секој случај и во кое било време за настап на кои било кои избори, без разлика дали се претседателски, локални или парламентарни.

– Во моментов ВМРО-ДПМНЕ не расправала и нема одлука за предвремени парламентарни избори и таквата одлука би завислеа од дејствувањето и позицијата на сите политички чинители во Република Македонија, без разлика дали се дел од владејачката коалиција или се дел од опозицијата – изјави Милошоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top