„ЕВН Снабдување“ е нова компанија ќерка на ЕВН за снабдување со електрична енергија. Во пресрет на либерализацијата на пазарот за електрична енергија, компанијата која веќе поседува лиценца за снабдување преку својот стручен тим ќе понуди најдобра цена за енергијата на пазарот и најдобра услуга која ќе овозможи стабилен развој на компаниите.
– Успешното спроведување на либерализацијата на пазарот ќе зависи од заедничката соработка на сите учесници на пазарот.Многу е важно добро да сме подготвени, информирани,транспарентни за да можеме да ги надминеме сите предизвици и несигурности заедно.Земајќи го предвид искуството на ЕВН групацијата во други земји, можам да ве уверам дека еден од главните фактори за успех се јасните правила и подготовката за определни предуслови.ЕВН групацијата има големо искуство и опслужува 14 милиони корисници во 21 земја, има околу 8.000 вработени и експерти. Знаењето и сигурноста се главните фактори за нашиот успех – изјави Вернер Хенгст, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.
Според Хенгст, знаејќи точно што значи отворен пазар, ЕВН Македонија напорно работеше во последните неколку години за да стане стабилен партнер за компаниите.
Во своето портфолио на услуги, освен експертиза „ЕВН Снабдување“ ќе понуди и услуги кои на компаниите ќе им обезбедат најдобри решенија според нивните потреби и специфики.
-За промените на пазарот се подготвуваме подолг период и веќе добро ги познаваме компаниите и нивните потреби. Ќе понудиме беспрекорна поддршка и сервис. Нашата понуда е и ќе остане транспарентна,бидејќи тоа е еден од клучните фактори за успех на слободниот пазар.Имаме знаење и ресурси и нудиме фер цена за енергијата, а дополнителните надоместоци за користење на дистрибутивната и преносната мрежа остануваат и натаму регулирани и нив ќе ги одредува Регулаторната комисија за енергетика – изјави Нико Берберу, менаџер на „ЕВН Снабдување“.
„ЕВН Снабдување“ поседува и лиценца за снабдување од Регулаторната комисија за енергетика, што е дополнителна гаранција за сериозниот пристап на пазарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.