| четврток, 6 декември 2018 |

По осум години врска, Тони Зен раскина со девојката

Тони Петковски, поточно раперот и диџеј Тони Зен ја прекина долгогодишната љубов со својата девојка Ирина Кираџиевска.

Тие веќе еден месец не се заедно, а извор близок на раперот открива дека се договориле да кријат за раскинувањето, пишува Телеграф.

Раперот  ја потврдил информацијата.

-Сега повеќе размислувам за некои други работи. Уживам на планина кога имам време. Инаку, да, не сме заедно – изјави Тони Зен.

Тони и Ирина беа во врска повеќе од осум години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top