| четврток, 6 декември 2018 |

Најдобра животна доба е од 35 до 39 години

naucnici

Најповолна животна доба некој да стане гениј е околу 35 години, тврдат научниците.

Тие проценуваат дека најповолна возраст за реализација на творечиот потенцијал е од 35 до 39 години. Научниците од Руското национално биро за економски истражувања проучувале кога големите научници, иноватори и добитници на Нобелова награда го достигнувале својот творечки врв и резултатите покажале дека тоа се случува во зрелатат животна доба.

Научниците сметаат дека возраста  преку 30 години е тоа што Французите го нарекуваат „искуство и одговорност“. Образованието е веќе здобиено и сега постои работно искуство. Возраста од 33 до 40 години од животот е време кога човекот има најмногу сила и здравје, а и добро искуство.

Сепак, голем број луѓе го достигнал творечкиот успех на многу порана возраст. Како антологиски пример се наведуваат писателите Пушкин и Лермонтов.

Денес науката се создава во гигантски институти, но и во научните колективи, мали лаборатории каде работат десетина луѓе, пишува „Гласот на Русија“. Најактивни се луѓето стари меѓу 30 и 40 години.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top