| четврток, 6 декември 2018 |

Меѓународна изложба МОСТ во КИЦ

во Културно Информативен Центар – Скопје , во Изложбениот салон – Империјал 1, е отворена Меѓународната ликовна изложба МОСТ. На изложбата учествуваат уметници од Македонија и Турција кои изложија 50 дела. Делата изложени во галеријата ќе може да се погледнат до крајот на месецов.

-Оваа изложба на автори од две пријателски држави со симболичен наслов “Мост“, термин кои влече бројни конотации, по втор пат се организира во изложбените галерии на Културно-информативниот центар во режија на проф. др. Фехим Хусковиќ од Факултетот за ликовни уметности, а подржана е од бројни културни и образовни институции од Република Македонија. Воедно таа претставува ретроспективен приказ на сликарските импулси во минијатура каде заеднички настапуваат сликари, вајари, графичари и архитекти од Турција и Македонија.  Генерациските разлики, различните ликовни дисциплини и различните стиски определби не се пречка во планираната концепција, туку напротив, понудената разноликост е главниот квалитет на изложбата.  Заедничкиот именител на сите авторски дела,  кои се обединети во една точка, точка што  претставува спој на желбите и остварувањата, е визибилниот стремеж и главната преокупација на вистинските уметници – љубовта кон уметноста, рече проф.  др. Џемил Бектовиќ, историчар на уметноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top